Никогаш нема да си дозволам да одам со наведната глава поради нереализирани ветувања, рече Александар Стојкоски, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот митинг.
 
Од ЕВН Македонија нформираат дека на ден 27.08.2021 година (петок) без електрична енергија ќе останат:
 
Фатени живи на дело, купуваат две машини за перење за 25.500 евра, цели 10.000 повеќе од пазарната вредност на двете машини, обвини днеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
 
За градинка во Ѓорче Петров се набавуваат две машини за перење во вредност од 1.569.164 денари, односно 25.515 евра, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски коj ги обвини функционерите и градоначалниците од СДСМ за недомаќинско дејствување.
 
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, денеска извршија увид во градежните работи на првиот затворен базен во општината, кој се гради во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
 
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, денеска извршија увид во градежните активности на градинката „ Детелинка“, со цел нејзино проширување.
 
Општина Ѓорче Петров негира дека во градинката Детелинка две недели немало греење.
 
Повеќе од две недели нема парно греење во градинката Детелинка во склоп на основното училиште Мирче Ацев, тврди Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.
 
ДОМ апелира да не се усвои ДУП-от со кој се планираат огромни објекти во подрачјето на третата заштитна зона на бунарите Нерези-Лепенец, во општина Ѓорче Петров.
 
Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради уличен дефект од Ф-100 мм на ул. Разловечко Востание бр.26 во населба Карпош 4, во периодот од 09.00 часот па се до санирање на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул.Разловечко Востание, како и дел од корисниците од улиците Желево и Столе Стојчев (општина Ѓорче Петров).
 
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека мобилната мерна станица поставена во општина Ѓорче Петров е во функција, односно се мерат загадувачките супстанци SO2, NO-NOx-NO2, CO и О3. Единствено, поради технички проблем, на 23.12.2019 година е исклучен инструментот за симултано мерење на РМ10 и РМ2.5 и од тогаш не е во функција.
 
Жители на Ѓорче Петров попладнево се пожалија дека се вознемирени од рафално пукање во населбата.
 
Дел од улицата 4-ти јули, односно Борис Сарафов, во Општина Ѓорче Петров, доби нова атмосферска канализација.
 
„Среде најголемата еколошка катастрофа градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски го уништува централниот парк на општината само затоа што има семејна парцела од која можеби ќе профитира.
 
Општина Ѓорче Петров донесе забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта во општината.
 
Најсовремена и најмодерна градинка во земјата, штедлив објект по сите стандарди, со капацитет од 175 деца поделени во осум занимални (од 0 до 6 години) во наредната година и половина се очекува да биде изградена во Волково, општина Ѓорче Петров.
 
Општина Ѓорче Петров изработи дата-база на податоци за социјалната состојба на територија на општината, која ќе послужи за аплицирање за проекти од областа на социјалата, а во иднина ќе влијае за подобрување и надминување на социјалните проблеми.
 
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, и Ибрахим Суха Џем, директор на турската компанија АД „Џемдаг осветлување - производство и трговија“ потпишаа договор за јавно-приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување на територија на општината со лед-светилки.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.