All for Joomla All for Webmasters

И покрај протестите Шилегов не отспатува од намерата да се отстранат дивите тезги од Бит пазар

Бит пазар

И денеска продолжува протестот на на дивите пазарџии на бул. Крсте Мисирков кој неколку дена е затворен за сообраќај. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, ги повика дивите пазарџии да ги прифатат поволностите кои им ги нуди градот, затоа градот нама да отстапи од намерата да се отстранат дивите пазарџии од Бит пазар и конечно овој дел да се уреди.

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска уште еднаш потврди дека не отстапува од намерата да се отстранат дивите тезги од Бит пазар и да се уреди овој простор, со што конечно би се решил долгогодишниот проблем околу Бит пазар. Според него, на нелегалните продавачи им било дадено доволно време и простор. Шилегов ги повика продавачите кои овие неколку дена ги блокираат улиците да ја прифатат понудата на градот и да продолжат да работат во рамките на Бит-пазар користејќи ги поволностите кои им се овозможуваат, затоа што на пазарот има 130 слободни тезги, оваа информација денеска е потврдена од Скопски пазар, а станува збор за 30 диви продавачи, наспроти 500 пазарџии кои редовно си плаќаат за изнајмување на тезгите и дуќаните.


Шилегов посочи дека хаосот на Бит-пазар којшто е долгогодишен проблем мора да се реши и дека еднакво внимание укажуваат за развој на двете страни на Вардар и правилата и редот мора да важат насекаде. Град Скопје одлучи да го уреди овој дел од градот, а за таа цел на овој потег ќе се реконструираат тротоарите, ќе се постават столпчиња и жардиниери, ќе се уреди такси-станица, ќе се засадат дрвореди, ќе се реконструираат и осветлат пасажите од булеварот кон чаршијата и ќе се ослободат тротоарите од дивопоставените тезги.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.