Санација на детските едукативни инсталации во Скопје

Детски едукативни инсталации

Град Скопје денеска ја почна санацијата на детските едукативни инсталации што се поставени во Градскиот парк и Парк „Македонија“ во Скопје.


Во текот на наредните денови, доколку тоа го овозможуваат временските услови, ќе се изврши шмирглање и лакирање на оштетените дрвени делови, ќе се бојадисаат металните делови на инсталациите и ќе  се дополнат  нивните подлоги со бела ризла.


Станува збор за просторните инсталации: „Авантурите на пчеличката Маја“, поставена  на дел на зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Јуриј Гагарин“; „Авантурите на мравката и штурецот“, поставена  во дел  зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Јуриј Гагарин“; „Волшебникот од Оз“ поставена во Градски парк и „Октоподот Хенк“, поставена во зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов “ и улицата „Јуриј Гагарин“.


Градот Скопје упатува апел до граѓаните во периодот додека трае санацијата  на детските инсталации да не ги користат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.