All for Joomla All for Webmasters

Признанија и парични награди најдобрите матуранти од Скопје

,,Средба на првиот со најдобрите,,

Крајот на учебната година, Градот Скопје го означи со доделување признанија на најдобрите матуранти- првенци во својата генерација. Покрај признанијата најдобрите ученици добија и парични награди.

 

Целта на оваа манифестација, ,,Средба на првиот со најдобрите,, е да го афирмира знаењето и училишниот успех, како и да им се оддаде јавна почит за постигнатиот успех на првенците на генерацијата.

 

Традиционалната манифестација ,,Средба на првиот со најдобрите,, која има за цел поширока јавна промоција и афирмација на врвните постигнувања на средношколците, денеска се одржи во кино ,,Фросина,, во Младинскиот културен центар. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов се сретна со 27 матуранти првенци на генерацијата (2014-2018 и 2015-2018) од 22 скопски средни училишта на која им врачи признанија и парични награди.


Организатор на манифестацијата е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а под покровителство на градоначалникот Шилегов.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.