За 5 години собрани 9.369 единици крв само во центарот за дарување крв во Даре Џамбаз

Црвен крст на Град Скопје

Црвениот крст на Град Скопје со доделување благодарници и признанија за придонес во крводарителството денеска го одбележа Светскиот ден на крводарителството, а воедно одбележа и 5 години од работењето на дневниот центар за дарување крв во Даре Џамбаз, каде што за 5 години биле собрани 9.369 единици крв.

 

Под мотото ,,Биди тука за другите. Дарувај крв. Сподели живот,, Црвениот крст на Град Скопје денеска го одбележа Светскиот ден на крводарителството 14-ти јуни и петгодишната успешна работа на Дневниот центар за дарување крв вопросториите на Даре Џамбаз. Акцент на овогодинешната кампања е крводарителството како чин на солидарност, преку кој се нагласуваат основните човечки вредности. За 5 години активно работење на Дневниот центар за дарување крв реализирани се вкупно 9.369 единици крв од самоиницијативни дарувања како и од дарувања на акции реализирани во просториите на дневниот центар.


Градоначалникот Шилегов кој денеска го посети Дневниот центар за дарување крв рече дека преку овој дневен центар идеја со е да се помогнеме на што е можно повеќе луѓе, а секогаш ќе бидат помогнати од градот крводарителските акции.


Како дел од денешното одбележување на Светскиот ден на крводарителството беа доделени благодарници и плакети на организации и институции за нивниот придонес за промоција и унапредување на крводарителството во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.