До 200 евра казна за оставање стар мебел покрај контејнерите

Од 50 до 200 евра казна ќе добијат граѓаните кои неправилно ќе го одлагаат својот кабаст или градежен отпад. Иако се нуди бесплатно одлагање во центрите за селекција на Комунална хигиена одзивот на граѓани кои таму го носат отпадот е многу слаб. ЈП,, Комунална хигиена,, за 1783 денари нуди можност со нивно возили и двајца работници да биде транспортитан кабастиот отпад или пак да се изнајми само возило за 893 денари.

 

И покрај тоа што ЈП,,Комунална хигиена,, од 12-ти јули овозможи бесплатно да се одлага кабастиот отпад во Центрите за селекција, сепак одзивот од страна на граѓаните е многу слаб, а стар и оштетен мебел и понатаму се остава покрај контејнерите или пак на некоја зелена површина. Одлагањето кабаст отпад е бесплатно долоклу се донесе со сопствен превоз до центрите за селекција.

 

Дел од граѓаните или воопшто не се запознаени со можноста за бесплатно оглагање или пак немаат превозно средство за транспорт на кабастиот отпад, што не е оправдување за да се остави отпадот каде што не му е местото. За транспорт на кабасто отпад може да се користат и возилата и работниците на Комунална хигиена или пак само возило. Оваа услуга граѓаните може да ја добијат во договор со претпријатието и со извршена наплата за услугата. Па така доколку граѓанинот сака кабастиот отпад да биде земен од неговиот дом со возило од Комунална хигиена и при тоа да биде утоварен и истоварен од страна на двајца работници од претпријатието за една тура тоа ќе чини 1733 денари со вклучен ДДВ, а доколку пак граѓаните сами го товараат кабастиот отпад а имаат потреба само од возило на Комунална за оваа услуга ќе треба да платат 893 денари. Истата можност постои и за градежен отпад, возило со двајца работници за една тура чини 1833 денари, а само возило без работници 893 денари со вклучен ДДВ.

 


Од Комунална хигиена за 1-ва скопска велат дека одзивот на граѓаните и количниата кабаст отпад кои се донесени во Центрите за селекција не е како што очекувале и токму затоа треба да се зголеми свеста на граѓаните за правилно одлагање на кабасиот отпад, а не да го оставаат покрај контејнерите и на јавни површини.

 


Еко патролата заедно со комуналните инспектори ги зачестија контролите и и укажуваат на граѓаните дека отпадот бесплатно може да го одложат. Според информациите кои ги доби 1-ва скопска од Еко патролата во текот на месец јули пронајдени се 49 прекршители кои кабастиот или градежен отпад неправилно го одлагале, осносно го оставаат на зелени површини. Истите направениот отпад од вкупно 237 м2 или сликовито колку 10-тина вагони отпад е повлечен од страна на прекршителите. Ако ова го работеле екипи на јавното претпријатие ова би чинело 435.606 денари. Големи се казните за оние кои нема да се придржуваат до законските одредби и начинот за одлагање ваков вид отпад и истите се движат од 50 до 200 евра. Од Град Скопје за 1-ва скопска велат дека инспекциските служби на градот постојано се на терен за да ги санкционираат сите оние кои што неправилно ќе одлагаат кабаст или градежен отпад.

 


Кабастиот отпад може бесплатно да се однеце во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари секој работен ден од 7:00 до 19:00 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.