Дебатите околу изградбата на гасоводот на Водно, не даваат напредок во преговорите
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 19 Септември 2018
Дебатите околу изградбата на гасоводот на Водно по се изгледа не носат конечна одлука на ниту една од засегнатите страни. Имено, на втората
дебата, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули изјави дека во јавноста постојат три дилеми, дали ова има врска со Скопје, каков е статусот како заштитено подрачје на Водно и законските услови. Придобивките од гасоводот според него ќе дојдат до израз кога ќе се приклучат повеќе корисници, а со тоа ќе се намали и цената за искорака на гас до домовите.
Во Македонија во овој момент искористеноста на гасниот систем, што доаѓа од едно место, преку една цевка, преку Бугарија кон Крива Паланка, е од 35 до 40 отсто.
Макрадули исто така посочи дека во ЕУ се гради во заштитени подрачја и со средства од ЕУ, а како примери ги наведе Словенија, Литванија, Германија, Данска…
Од друга страна пак, невладините организации, пак, наведоа дека во Италија гасоводот со вредност од две милијарди евра бил стопиран поради постење маслинови дрвја.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов потенцира дека првпат во историјата на Скопје се дебатира за Водно на ваков начин, ако се земе предвид фактот дека жичницата, Милениумскиот Крст, комуникациската кула и патот кон Сончев град биле направени без консултација со јавноста.
Според претставниците на Граѓанскатата иницијатива „Го сакам Водно“ здравјето на луѓето е поважно од материјалниот момент или загубите на пари. Сметаат дека се прави манипулација со законските решенија, има пропусти, се сечат дрвја на Водно…
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс