Од денеска почна пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон

Од денеска почнува пријавувањето за учество на 15. Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи на 5 мај 2019. Како што информираат организаторите пријавувањето ќе се одвива во неколку фази.

 

Пријавените во првите три дена, денес, утре и задутре, ќе можат да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите кои ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.

 

- Четиринаесеттиот Виз Ер Скопски маратон беше еден од најмасовните спортски настани во Македонија и имајќи ја предвид ангажираноста и пожртвуваноста на организаторите се очекува 15-от да е уште поголем и подобар. Според нив успехот се должи на сите учесници и поддржувачи кои го прават Виз Ер Скопскиот маратон тоа што е, празник на спортот и здравиот начин на живеење, соопшти тимот на Виз Ер Скопски маратон.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.