Двајца скопјани нападнати во населбата Аеродром

Неколку лица вчера на улицата „Методија Шаторов Шарло“ пред угостителски објект физички ги нападнале  В.Г.(27) и М.З.(21) и двајцата од Скопје.

 

Инцидентот бил пријавен синоќа во 22:05 во Секторот за внатрешни работи Скопје, а пријавителот познал тројца од напаѓачите. 

 

В.Г. во еден момент изгубил свест, а потоа заедно со М.З. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.