Брест, Малино и Танушевци утре без струја

Корисниците од селата Брест, Малино и Танушевци во Општина Чучер-Сандево утре, од 9:15 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија. 

 

В понеделник од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите и трафиките во близина на трговскиот центар „Алуминка“ и објектите во близина на маркетот „Тинекс“ на улицата „Никола Русински“ во Општина Карпош. 

 

Во периодот од 7:45 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од Музеј Матка, ресторан „Кањон Матка“, селата Глумово, Шишево, Горна и Долна Матка и фирмите „Адриус“, „Бис Оил“ и „Виа Комерц“, Општина Сарај. 

 

Без струја в понеделник од 8 до 17 часот ќе бидат корисниците од селата и населените места Љубанци, Бродец, Танушевци, Малино, Брест, караула „Рамно“, Бањани, Горњани, Чучер-Сандево, Глуво, Мирковци, Кучевиште, Побожје, викендици Побожје, Бразда, Чардак, Голиево и Горно Оризари во Општина Чучер-Сандево. 

 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.