Чаир доби нов парк, со знакот на НАТО

Во знак на одбележување на Денот на мирот, денеска градоначалниците на општина Чаир, и на Град Скопје, Петре Шилегов и Висар Ганиу го промовираа новиот парк на улица „ Дижонска“ во вкупна површина од 5. 860 метри квадратни.

 

Поставена е и нова хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки. Реконструкцијата опфати хортикултурно уредување на јавната зелена површина, отстранување на шутот и подигање нов тревник. Како што истакна Шилегов, Чаир е општина со најголема густина на население, а за сметка на тоа, најмногу неискористени простори. Според него, еднакво внимание заслуживаат и општините од другата страна на Вардар.

 

 Хортикултурното уредување на паркот е во знакот на Северно атлантската организација. Висар Ганиу, градоначалникот на о. Чаир апелираше за совесно однесување и чување на зеленилото и урбаната опрема во паркот.

 

Градските власти и општина Чаир изработија и план за создавање мрежа на велосипедски патеки на територијата на Чаир. Како прва етапа за нивната реализација е велосипедската патека на улицата „Втора македонска бригада“.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.