ЈП,,Комунална хигиена'' ќе го собира отпадот и од Сарај

Во Општина Сарај денеска се одржа акција за чистење на комуналниот отпад.

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека од 1 октомври годинава Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје во своите редовни активности за собирање и транспортирање комунален отпад ќе го опфати и урбаниот дел на скопската општина Сарај, и тоа во населените места Сарај, Љубин, Кондово Крушопек, Лока, Грчец, Шишево, Глумово, Долна Матка, Арнакија и Рашче.

 

 Шилегов најави дека во наредниот период ќе бидат одвоени средства и за набавка на капацитети што ќе ја зголемат функционалноста на „Комунална хигиена“. Потсети дека во изминатиот период имале сериозни забелешки за хигиената, особено во Сарај, Глумово и СРЦ „Матка“. Зеленилото ќе го одржува ЈП „Паркови и зеленило“. Директорот на ЈП Комунална хигиена рече дека одлуката за проширување на територијата на дејствување ја донеле со цел да се зголеми нивото на чистота и хигиена на целата територија на Град Скопје.

 

 Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети изјави дека со јавното претпријатие на Сарај ќе продолжат да ги чистат и другите населени места и додаде дека за прв пат во историјата на Општина Сарај ќе се собира смет во сите населени места.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.