Делови од Карпош, Илинден и Ѓорче Петров утре без струја

Дел од корисниците од улицата „Скупи“, подулица „3“ и подулица „6“ во општина Карпош утре од 9:30 до 13:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

 

Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на Млин Кадино, Хавеп, улиците „513“ и „517“ после Бисер, дел од Кадино, улицата „521“ и  Живинарска фарма во општина Илинден, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани.

 

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и  дел од корисниците од село Глуво, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците од викендиците во село Кучково.

 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.