10 бездомни кучиња добија свој дом

Во отворените денови за вдомување бездомни животни што од 4 до 10 октомври ги организираа ЈП „Комунална хигиена“ и стационарот „Вардариште“ се вдомени 10 кучиња.

 

Кучињата што беа достапни за вдомување, а беа 60 на број, претходно  беа прегледани од ветеринарен доктор, беа стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило, информираат од Град Скопје.

 

Во оваа акција, граѓаните што пројавија интерес да вдомат бездомно куче и да му ја подарат својата љубов и грижа имаа можност да земат миленик без паричен надоместок. За таа цел, вратите на стационарот „Вардариште“ во периодот од 4 до 10 октомври беа отворени секој ден, од 9 до 19 часот.

 

Акцијата за вдомување кучиња се организираше во рамките на одбележувањето на 4 Октомври - Светскиот ден посветен на заштитата на животните.

 

Градот Скопје ги потсетува љубителите на животни дека доколку се одлучат да вдомат бездомно куче од стационарот „Вардариште“ тоа можат да го направат и понатаму, во деновите од вторник до сабота, во периодот од 9 до 13 часот.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.