Шилегов утре во Белград на Форумот на градоначалници на 16 земји од ЦИЕ+Кина

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов од утре до среда  ќе учествува на Третиот форум на градоначалници на главните градови на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина (16+).

 

На отворањето на самитот ќе се обрати заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ, министерот за рударство и енергија Александар Антиќ.

 

На градоначалниците од 16 земји на ЦИЕ и на градот Скопје,  ќе им се обрати и преставник на кинескиот Секретаријатот за соработка со ЦИЕ од Пекинг Ли Јуче, градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ, заменик-градоначалник на Пекинг Ванг Хунг, министерот за транспорт на Кина Ли Сјаопенг и претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

 

На Форумот, на пленарната сесија најавено е дека градоначалниците на државите од ЦИЕ ќе разговараат за инвестиционите проекти, јавното и приватното партнерство, како и за заедничката туристичка понуда на Централна и Источна Европа усмерена кон кинескиот пазар.

 

„Белград е многу интересно место за инвестирање и една од целите на форумот е да се привлечат инвеститори, да се разменат искуства и да провериме дали одиме во вистинска насока. Планираме да изградиме два моста, два тунели, национален стадион, метро, објект на Филхармонијата и за сето ова сакаме да зборуваме на форумот,“изјави белградскиот градоначалник Зоран Радојичиќ.

 

Во Белград утре ќе се одржи и Третиот самит на министри за транспорт на земјите учеснички на механизмот на соработка на НР Кина и 16 земји од централна и источна Европа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.