Шилегов со концептот „паметен град“ на Форумот на градоначалници во Белград

Град Скопје со концептите за изградба на инфраструктура и за развојот на т.н. „паметен град“ учествува на Третиот форум на градоначалници на главните градови на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина (16+).

 

На Форумот, како што јави дописникот на МИА, на пленарната сесија градоначалниците на државите од ЦИЕ разговараат за инвестициските проекти, јавното и приватното партнерство, како и за заедничката туристичка понуда на Централна и Источна Европа насочена кон кинескиот пазар. 

 

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов истакна дека преку билатералните средби на земјите учеснички на Самитот и Кина разговараат за развој на главните градови.

 

- Ние како Скопје, учествуваме со два концепта. Концептот за изградба на инфраструктурата на Скопје и развојот на т.н. смарт сити, со што ќе покажеме дека Скопје во извесни сегменти е пред другите градови кои овде се застапени, изјави Шилегов.

 

Тој очекува преку размената на искуствата со колегите градоначалници да се придонесе за спроведување на дел од решенијата, што постојат во другите градови. 

 

Дводневниот самит во Белград завршува утре.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.