На што се должи слабиот интерес за вдумување куче?

Во Скопје постои многу слаб интерес за вдомување на кучиња.

 

Во рамките на акцијата „Вдоми - не купувај“ вкупно 60 кучиња го поминале медицинскиот третман во стацинарот ,,Вардариште” а само 10 кучиња биле вдомени. Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани во изјава за МИА вели дека слабиот интерес се дол`и на фактот дека чипирањето на домашните миленици се воведе како законска обврска за сопствениците.

 

Шабани вели дека ќе се овозможи следење на одговорното сопствеништво врз овие животни, кои во голем број случаи се оставени на улиците токму од страна на нивните сопственици. Апелира вистинските љубители на животните да го посетат стационарот и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие бездомни кучиња што  ги отстапуваат без никаков паричен надомест.

 

Кучињата се прегледани од ветеринар, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.

 

Во соработка со Град Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ од 2007 година го спроведува Проектот за третман на бездомните кучиња според принципите за хуман третман на животните. Кучињата се заловуваат од страна на специјализирана, обучена и опремена служба за хуман третман и контрола, по што се транспортираат во стационарот „Вардариште“, кој има капацитет за третман и сместување на околу сто животни во боксови изградени по европски стандарди. Во текот на минатата година, извршено е реновирање на стационарот. Направени се нови 50 бокса, спуштен е плафонот, сменета е електричната инсталација, изведени се вентилација и изолација. За период од 10 години низ стационарот Вардариште поминале околу 20.000 кучиња.

 

Сите заинтересирани граѓани од вторник до сабота, од 9 до 13 часот, да одберат и да вдомат куче. Кучињата од различни раси и големини што се определени за вдомување на граѓаните им се отстапуваат истретирани и вакцинирани и без паричен надомест.

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.