Голем интерес за проектот ,,Дрво за секое дете” , досега се пријавиле 185 родители

На почетокот на месец април 2018 Градот Скопје потпиша меморандум за соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и претставници на гинеколошките клиники во Скопје за учество во проектот „Дрво за секое дете“.

 

Како што информираат од Град Скопје, со овој проект се овозможува на жителите на Скопје да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови, а на самото дрво ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање.

 

Од Град Скопје велат дека од почетокот на реализацијата на проектот досега, граѓаните покажале голем интерес за проектот, каде досега до Град Скопје има пристигнато 185 пријави за садење на дрва.

 

Дрвјата во рамките на проектот „Дрво за секое дете“ ќе бидат засадени во рамките на есенската акција за садење која ќе почне наскоро. Дрвјата од проектот е предвидено да бидат засадени во сите општини - во паркови и на главни улици, како и во блоковското зеленило на општините.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.