(ФОТО) ДО КОГА ВАКА?! Украдени цвеќиња од скопските јавни површини

Во овој период ЈП „Паркови и зеленило“ активно работи на уредување и разубавување на јавните површини. Се садат разни цвеѓиња и се формираат разни цветни површини. Уредените цветни површини со есенски цвеќиња го разубавија градското зеленнило. Но, до кога?

 

Повторно цвеќиња од скопските јавни површини се откорнати и украдени. Од ЈП „Паркови и зеленило„ објавија фотографии од местата на кои се украдени цвеќињата и прашуваат:


„Зошто и овој пат токму цвеќињата беа тие кон кои посегнавте?  Зарем цвеќе – симболот на радоста и природната убавина низ зеленилото треба да го уништуваме?„

 

Од Паркови и зеленило порачуваат кон совесно и одговорно однесување кон се она што Ве опкружува.

 

 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.