Град Скопје ќе се кандидира за Европска престолнина на културата за 2028

Градските власти денеска официјално ја објавија одлуката за номинирање на Скопје како можен кандидат за титулата на Европската комисија, Европска престолнина на културата за 2028 година.

 

Сите активности на градот или во градот, како што е реновирањето на Универзална сала, ќе бидат насочени кон целта Скопје во 2028 година да биде европска престолнина на културата, рече Шилегов и додаде дека искуствата од досегашните престолнини покажуваат оти за секое вложено евро, градот добива назад осум евра. Добивањето на оваа титула, како што рече, ќе значи зголемен број на туристи, препознатливост и поголем развој.

 

Роберт Алаѓозовски, координатор на тимот Скопје – Европски град на културата 2028 година изјави дека кога ќе биде објавен повикот за кандитурата во 2021 или во 2022 година, ние ќе треба да поднесеме апликација, која е сложена и во која ќе треба да бидат одговорени многу прашања, кои експерти од ЕК ќе ги разгледуваат и преку процес на селекција ние ќе докажаме дека заслужуваме да ја добиеме титулата. Експертите препорачуваат најмалку три до четири години предвреме да се почне со подготовките и еден од критериумите за успех е тоа да не биде кабинетска програма, туку програма која навистина многу ќе му значи на Градот.

 

Алаѓозовски соопшти дека иницијатива и подготвителни активности за кандидатира се почнати од 2014 година, а одлуката е донесена дека со сигурност за три години од сега ќе се кандидираме. Градовите Пловдив и Љубљана му ги пренесуваат своите искуства и му помагаат на Град Скопје во подготовката на оваа апликација и да се добие титулата – Европски град на културата за 2028 година.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.