И годинава бесплатниот јавен превоз ќе биде единствена мерка против загадувањето во Скопје

Високо ниво на ПМ10 честички во воздухот и мерните станици покажуваа и синоќа.

 

Според мерењата и резултатите објавени на страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, во Центар концентрацијата во воздухот со ПМ10 честички изнесуваше 119 микрограми. Загаден воздух и високи концентрации има и во Миладиновци и Бутел, каде што се измерени 118 и 114 микограми. На листата на табелата први, со највисоки концентрации на ПМ10 честичките во воздухот се Карпош и Ректорат, каде што се измерени 142 микограми и 156 микограми на метар кубен.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов најави дека автобусите повторно ќе бидат бесплатни за граѓаните во деновите кога ќе биде надминат дозволениот праг на загадување. Но, за да се ограничи движењето во сообраќајот тој нема ингеренции и ќе бара  интервенција од министерот за внатрешни работи. Во меѓувреме ќе бидат вработени нови комунални инспектори и ќе се изрекуваат казни.

Воздухот синоќа не беше загаден само во главниот град во земјава. Мерните станици високи концентрации на ПМ10 честички во Тетово покажуваа 108 микрограми на метар кубен, во Гостивар 127 микрограми, во Струмица 121, Кочани 72, Кавадарци 115, Куманово 147 микрограми и Битола 159 микрограми.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.