Без струја и вода утре повеќе улици во Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 10 Декември 2018
Без струја утре од 8:30 до 10 часот ќе останат корисниците од дел од улиците Студеничанска и „Јустинијан Први".
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Христо Чернопеев" и од 11 до 15 часот корисниците од дел од Булевар „Кочо Рацин", улиците „Стив Наумов", „Тетовска" и „Јосиф Јосифовски".
Прекинот со струја е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Од РЦУК информираат дека паради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник ф – 80 мм на улицата „Антоние Грубишиќ" б.б. утре без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица и улицата „Пиринска".
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс