Скопјани повторно се гушеа од загадениот воздух

Мерните станици во неколку скопски општини синоќа покажуваа енормно загадување на воздухот. Оваа состојба предизвика голем револт кај граѓаните кои се пожалија дека се чувствува лоша миризба која предизвикува иритација на очите и грлото.

 

Според мерните станици во Ректорат синоќа беа измерени 296 ПМ 10 честички на метар кубен што е повеќе кратно од доволеното, во општина Центар 270 ПМ 10 честички на метар кубен, во општина Карпош 235, додека во општина Бутел 220 ПМ 10честички на метар кубен.

 

Локалните и централните власти се уште немаат преземено надлежност за решавање на овој проблем кој претставува рак-рана за граѓаните, кои наместо чист воздух.  

 

Во овој период додека мерните станици со денови покажуваат висока концентрација на ПМ10 честички клиниките се полни со пациенти, особено детските клиники.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.