Најголема чоколадна торта долга 4 метри во Веро центар

Врвни шефови за слатки од земјава в сабота 15 декември во Веро центар во Скопје ќе ја направат најголемата чоколадна торта во Македонија која потоа ќе им ја поделат на присутните посетители.

 

Приготвувањето на најголемата празнична торта долга четири метри ќе се одвива во рамките на Првиот чоколаден фестивал што го организира „Веро“ во соработка со „Гастромак“ в сабота во Веро центар со почеток од 11 часот.

 

Покрај тортата, посетителите ќе уживаат и во рачно изработено чоколадно село во кое секој елемент може да се јаде, голем Дедо Мраз направен од чоколадо, чоколадно семејство во зимски услови, пралини, чоколадни тартуфи и многу други слатки производи со новогодишни и божиќни мотиви, креации кои ќе бидат само мал дел од изложбената понуда на фестивалот.

 

Врвни шефови од „Гастромак“ предводени од мастер шефот за слатки Снежана Ангеловска ќе се обидат да го соборат рекордот за изработка на големата чоколадна торта, во чиј вкус ќе уживаат сите посетители на чоколадниот фестивал точно напладне.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.