Со Парни Ваљак, Скопје ќе ја дочека 2019 година

Парни ваљак, македонски пејачи и диџеи, како и група од Косово, ова е понудата на Градот за прослава на новогодишната ноќ на плоштадот Македонија во Скопје.

 

Новогодишната програма ќе почне во 21 часот на Градскиот плоштад „Македонија" и ќе трае до еден часот по полноќ. Ова на денешната прес-конференција го соопштија скопскиот градоначалник Петре Шилегов и главниот извршен директор на Македонски телеком, Никола Љушев.

 

Покрај програмата за 31 декември, денеска беше соопштена и богатата предновогодишна програма која ќе започне од утре, а ќе содржи детски претстави, настапи на улични изведувачи, како и настапи на голем број македонски пејачи.

 

Главниот извршен директор на Македонски телеком, Никола Љушев, истакна дека Македонски Телеком финансиски ја поддржува прославата за новогодишната ноќ и се надева дека изборот на музичари ќе им се допадне на посетителите.

 

По се изгледа изборот на изведувачи им се допаднал и на граѓаните. Според нивните одговори на нашата анкета, плоштадот ќе биде вистински избор за дочек на новата година.

 

Меѓу присутните, на плоштадот Македонија, на 32 декември ќе биде и градоначалникот Петре Шилегов, кој нагласи дека никогаш не би го пропуштил настапот на Парни Ваљак.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.