На Македонија и треба децентрализацијата за финансиски стабилни општини

На националната конференција во организација на заедницата на локалните самоуправи на која што денеска присуствуваа градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, беше истакнато дека на Македонија и треба децентрализација што ќе ја отсликуваат финансиски стабилни општини.

 

За таа цел, беше најавено преипитување на сегашните позиции на локалната власт, надлежностите што ги има, средствата што ги добива за нивна реализација и сериозно да ги утврдување на следните чекори.

 

Како што беше речено, локалната и централната власт изгледаат како спротивставени страни, но во основа нивната цел е иста: обезбедување поквалитетни услови за живот на граѓаните и просперитетна држава за што е неопходно квалитетна соработка. Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, крајно време е локалната власт да разбере дека е непосреден давател на услугите на граѓаните и дека таа најдобро ги знае нивните потреби и приоритети.

 

Премиерот Зоран Заев потенцира дека градоначалниците можат да сметаат  на соработката со Владата и најави нови инвестиции на локално ниво кои ќе стартуваат од 2019 година.

 

Според ЗЕЛС, децентрализацијата во изминатите години не била само забавена, туку и заборавена, оптоварена со огромни наследени долгови и голем број нерешени предизвици. ЗЕЛС бара зголемување на зафаќањето од ДДВ на 10 отсто за разлика од сегашните 4,5 проценти, бара зголемување на зафаќањето од персоналниот данок на 50 отсто по примерот на поголемиот број земји од регионот и Европа, како и обезбедување адекватни финансиски средства за сите блок дотации.

 

.be

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.