All for Joomla All for Webmasters

Шилегов: Напролет ќе се гради булеварот АСНОМ меѓу Аеродром и Ќерамидница

Поврзување на Аеродром со Гази Баба преку пробивање булавар низ Ќерамидница, изградба на тунелите под Кале и Скопје смарт сити се само дел од капиталните проекти кои ги најавуваше градоначалникот Петре Шилегов минатата година, а треба да почнат оваа година, со кои Градот Скопје ќе почне да се менува.

 

Завршено е проектирањето на булевар АСНОМ  во делот на пробивање булевар низ Ќерамидница до Скопски саем.  Градежните работи од првата фаза која ќе се одвива од мостот Близнак до реката Вардар покрај хотел Русија требаше да започне во ноември, но според Шилегов имало враќање на проектот за да се исправат дел од ставките, но работите се при крај и се очекува за брзо време да биде распишана таа постапка и напролет таму ќе се гради.

 

Булеарот кој ќе ги поврзуа Аеродром и Гази Баба ќе се гради во 3 фази, таква е и постапката за тендер. Првата фаза ќе биде булевар АСНОМ во делот на Општина Аеродром, втората фаза мостот на реката Вардар и третата фаза булевар АСНОМ во делот на Општина Гази Баба.

 

Градоначалникот Шилегов најави дека оваа година во полн капацитет ќе се изведуваат сите три фази, а ќе се почне од мостот Близнак кон СЦ Јане Сандански.

 

Се очекува дека во наредните две години тој проект ќе се реализира и сериозно ќе го растовари сообраќајот во Скопје. Тунелите под Кале се уште еден капитален проект кој го најавуваше Шилегов. Со очекува дека оваа година градот ќе имам документ и ќе можеме да премине на тендер за изградба на тунелите под Кале, а Шилегов потсети што направи градот изминатата година во делот на подобрување на патната инфраструктура.

 

Шилегов истакнува дека многу средства Градот минатата година трошел за изработка на градежни проекти за реализација на нови сообраќајници, а како градоначалник мора да води сметка за тоа што ќе се случува во нашиот град во наредните 30 години.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.