Нови автобуси на гас ќе се возат на скопските улици

Жителите на Скопје ќе се возат во автобуси на природен гас.

 

Собранието на седница го донесе Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавка на автобуси што ќе се склучи меѓу ЕБОР и ЈСП „Скопје", со кое се овомзожува Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје" да набави нови нископодни автобуси. Со заемот од ЕБОР се обезбедуваат 10 милиони евра, а во набавката со 2 милиона евра сопствени средства ќе учествува ЈСП.

 

Министерот за финансии информира дека со набавката ќе овозможи обнова на возниот парк на ЈСП „Скопје“, кое во моментот работи со возен парк скап за одржување и значително придонесува кон загадување на животната средина. Со предвидената набавка се планира да се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во однос на карактеристиките на постојните автобуси. Набавката ќе придонесе за подобрување на квалитетот и пристапот до јавниот превоз, а пред се, до значително намалување на трошоците за гориво и одржување и понатамошоно унапредување на практиките за заштита на животната средина.

 

Според министерот Тевдовски, само 150 илјади евра годишно пак се фрлаат за делови за кинеските и украински автобуси.

 

.be

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.