Со 30 отсто зголемен буџет ќе се подобрува животна средина во Скопје

Град Скопје годинава го зголеми буџетот за животна средина за 30 отсто во однос на 2018, односно во овој сектор ќе се потрошат вкупно 186,2 милиони денари.

 

Градот денеска информира дека годинава ќе се работи на подобрување на квалитетот на воздухот, ќе се реализира и понатаму планот за подобрување на квалитетот на воздухот, а продолжуваат со мониторингот на подземните води, заштита на изворот Рашче и бунарите Нерези и Лепенец.

 

Во областа заштита на водата, ќе се работи на испитување на квалитетот на подземните води, околу изворот Рашче посебно, во однос на шестовалентниот хром, историското загадување од „Југохром". Четврта година се спроведуваат активности за испитување алтернативни извори за водоснабдување, а ќе продолжат и со алтернативни извори за техничка вода.

 

Во делот на аерозагадувањето, најмногу средства се наменети за субвенции. Ќе продолжи субвенцинирањето на граѓаните за набавка на печки на пелети, за чистење на оџаците, за набавка на посовремени уреди, како топлотни пумпи, субвенции за приватните превозници.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.