Поради снегот во Скопје, скратени или не сообраќаат повеќе автобуски линии

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите до Средно Водно и до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 74, 80 а и 81.

 

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, од приградските линии автобусот со број 58 место до селото Добри Дол сообраќа до општина Сопиште. Автобусите со број 11 и 11а сообраќаат до Дексион рампа, 18 а до црквата во Визбегово, а 32 до Сарај.

 

Автобусот со број 47 сообраќа до крстосницата во село Љубанци, а 47 а до влезот на селото Љуботен. Автобусот со број 51 а сообраќа до мостот во Моране, 53 до селото Катланово, 55 б до крстосницата во Арачиново, а 55 в место до Грушино оди до депонијата.

 

Автобуската линија со број 56 место до селото Бојане сообраќа до патот за Бојане (Расадник), 56а до патот за Копаница (подвозник), 60 место до Матка оди до селото Шишево, 64а место до Никиштани сообраќа до Орман.

 

Автобусот со број 70 место до Батинци сообраќа по новиот пат до Дризла, 71 кој сообраќа до селото Бањани денеска оди по коцката, во двата правци. Автобусот со број 160 сообраќа до селото Шишево, 164 за Кучково не соообраќа, а за Никиштани оди до Орман, 165 не сообраќа само за селото Виниче, 167 не сообраќа само за Страхојадица, а 180 оди до патот за Маркова река.

 

Граѓаните за детален преглед на скратените линии може да ја посетат веб-страниацта на ЈСП „Скопје“.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.