Тимови на Црвен крст патролираат низ Скопје во потрага по бездомници

Студеното време кое деновиве ја зафати Македонија, и македонската метропола, најопасно е за граѓаните кои живеат на отворено.

 

Бездомните лица се најизложени на минусните температури, па токму за нив е отворена и бесплатна телефонска линија 15 505 на која може да се јави секој кој ќе забележи бездомник кому му е потребно згрижување.

 

Пунктот за бездомници во Момин поток во период на многу студено време, функционира 24 часа, во моментов таму престојуваат 40 лица, а во вечерните часови оваа бројка се зголемува.

 

Таму бездомниците добиваат лекарски прегледи а имаат и можност да ги извршат сите хигиенски потреби, како и да добијат чиста облека.

 

Дежурните патролни тимови на Црвениот крст на Град Скопје постојано патролираат на повеќе локации во Скопје. Досега, како што посочи Тунева интервенирано е 7 пати, при што шест бездомници биле сместени во пунктот во Момин поток, а еден од нив добил само лекарски преглед и топла облека и храна, и продолжил со животот на отворено.

 

Но, не само бездомниците, студот и снегот ги погодија и сиромашните чии домови не ги задоволуваат условите за пристоен живот. Дел од нив се привремено сместени во домот Ранка Милановиќ и во Визбегово.

 

Во пунктот за бездомници најчести посетители се мажите на воздраст од 48 до 55 години.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.