Градот Скопје цела година ќе дава субвенции за печки на пелети, клими, велосипеди и електрични тротинети

Темите на разговор помеѓу граѓаните се најчесто тесно поврзани со временските прилики или неприлики. Доказ за тоа се изминативе денови, кога главна тема на информирање во медиумите се снежните врнежи и справувањето на градоначалниците со снежната покривка.

 

По се изгледа сите заборавија на загадувањето на воздухот, кое и понатаму ни го оневозможува правото на дишење чист воздух.

 

Наспроти верувањата и очекувањата дека снегот ќе ги исчисти нечистотиите, пред само два дена, според апликацијата „Ервижуал“ (Airvisual) која го следи загадувањето на светско ниво, Скопје е на високото, деветто место.

 

Главниот причинител за загадениот воздух, според истражувањата на експерите, покажува дека се домаќинствата кои се греат на дрва, и издувните гасови од автомобилите.

 

Токму затоа, Градските власти веќе подолго време се обидуваат преку субвенции за набавка на печки на пелети инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети како и за чистење на оџаци да ги стимулираат граѓаните да го сменат начинот на затоплување на домовите, но и стилот на живот, со тоа што ќе користат велосипед во замена за автомобил.

 

Сепак, ограничениот временски период во кој мораше да бидат купени предметите што се субвенционирани, па дури потоа со приложување на фискална сметка да добијат парични средства по се изгледа делуваа и демотивирачки кај дел од граѓаните.

 

За таа цел, на почетокот на годинава, Градот Скопје одлучи да не го ограничува временскиот период во кој може да се аплицира за субвенции. Имено, според програмата за животна средина, повиците за субвенционирање ќе се распишуваат на почетокот на годината и ќе важат сè додека не се потрошат парите за намената.

 

За разлика од тоа, досега граѓаните мораа да приложат доказ дека предметите што се субвенционираат ги купиле само во периодот од кога биле распишани повиците за добивање финансиска поддршка.

 

Ова е една од новините што ја предвидуваат градските власти за годинава, кога одлучија најголем дел од средствата наменети за екологија да ги поделат како финансиска помош за граѓаните.

 

На овој начин, сметаат во Градот Скопје, ќе им се овозможи на граѓаните полесно да дојдат до средствата што им се потребни, а истовремено ќе набават предмети со кои ќе придонесат за подобрување на условите во животната средина.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.