Маалските скијачки улици заменети со скапи скијачки центри

Скопјани му се израдуваа на снегот. Забава, насмевки, детски џагор, правење снешковци и исполнети детски срца, беше сликата која можеше да се види по парковите.

 

Во денешно време во урбаниот дел на Скопје децата за жал се помалку имаат место каде можат да го користат за лизгање и снежна забава. Во минатото тоа го имаше скоро на секоја улица а денеска такви слики можат да се видат само на некои небезбедни места за лизгање или во некои паркови.

 

Пред неколку години на снежните улици вистински предизвик беше скијањето. Некои од децата имаа санки, а некои на вреќи. Немаше ништо поубаво од тоа да седнеш на вреќа и да се лизгаш. Санките знаеја да закочат некаде, но вреќите никогаш. Едни се скијаа, други правеа снешко, трети се удираа со снежните топки.

 

Во денешно време оваа слика е многу ретка. Родителите кои се со подлабок џеб за вакви снежни игри ги носат децата на некои од скијачките центри. Во Македонија најпосетени скијачки центри се Крушево, Попова Шапка и Маврово. Но поголемиот дел од посетителите се од соседството, од Албанија и Косово, а македонските граѓани најмногу претпочитуваат да заминат на скијање во Копаоник, Банско и Боровец. Од туристичките агенции велат дека во Банско се бара место повеќе, таму може да се најде солидна понуда со богато мени и бесплатно користење на СПА-центрите. Единствено во Банско се поскапи ски-картите, во однос на Маврово но тоа се компензира со помалите трошоци за сместување и храна.

 

За крај може да се заклучи дека некогаш децата се скијаа на маалските улици а денес времињата се сменети, а убавите спомени од детството никогаш не избледуваат.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.