Град Скопје повторно доделува субвенции за чистење оџаци

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење оџаци, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

 

За таа цел Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година.

 

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

 

Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.

 

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да достави барање за надоместок кое може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на градот: www.skopje.gov.mk, фотокопија од лична карта или пасош, фотокопија од трансакциска сметка, за правните лица тековна состојба не постара од 6 месеци, оригинал потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот и оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење на оџаци. Документите може да се достават секој работен ден од 08:30 до 15 часот.

 

Целта на овој проект е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено на ПМ10 и ПМ2,5 честичките и да постигнат краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.

 

Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 година, кога беа доделени 269 субвенции.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.