Изгубените работи во автобусите може да ги најдете во Службата Изгубено-најдено во Автокоманда

Околу сто изгубени персонализирани картички „Скопска“, најголем дел ученички, паричници, здравствени книшки, клучеви,  детско ранче, патна торба. Овие предмети се наоѓаат во службата „Изгубено-најдено“ на ЈСП „Скопје“, што функционира речиси осум години во рамки на Дирекцијата на ЈСП „Скопје“ во населбата Автокоманда.

 

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека најчесто се губат паричници, речиси сите се без пари, со документи, „Скопска“, лични карти, здравствени книшки, ранци, торби од пазар, клучеви… Порано се губеле и мобилни телефони, а последен пат, пријавен изгубен мобилен телефон е пред две години.

 

Телефонскиот број за пријавување е 02/3122-634 и функционира секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот. Откако граѓаните ќе пријават на телефонскиот број, оставаат податоци (име и презиме, ден, време, линија на изгубеното), број за контакт и наведуваат што изгубиле.

 

Доколку предметот се пронајде, граѓаните се информираат. Потоа тие треба да дојдат во службата „Изгубено-најдено“ и да го подигнат предметот.

 

Секој возач, по враќање на автобусот во гаража, го проверува возилото дали има нешто заборавено или изгубено, а најденото го доставува до Службата, но и патниците доколку најдат нешто може да го пријават и достават до Службата.  Изгубените или заборавени предмети се чуваат во службата.

 

Од ЈСП „Скопје“ апелираат граѓаните додека се возат во автобусите да внимаават на своите лични предмети. Да бидат совесни и доколку пронајдат некој предмет или документ во автобусите да го пријават и достават во Службата „Изгубено-најдено“.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.