Метален парк со праисториски животни од отпадно железо ќе прави скулпторот Андреј Миневски

Во Паркот во скопската населба Методија Андонов Ченто има три скулптури на праисториски животни во природна големина, кои се вистинска атракција за граѓаните.

 

Тие се изработени од отпадно железо, а се дело на академскиот скулптор Андреј Миневски. На уметникот Уметникот му требале неколку месеци за да креира ваква скулптура. 

 

Андреј во интервјуто за 1-ва скопска открива дека работи на скулптура диносаурус долг 10 метри и висок 7 метри, а во план има да направи метален парк во кој ќе бидат сместени повеќе скулптури од отпадно железо.

 

Изложбата е насловена „Од граѓаните за градот“ и е дел од програмата на Град Скопје - „Од центарот кон периферијата: културата како алатка за социјален развој“.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.