Досега 50 граѓани се пријавиле за фаќање на крстот на Водици

Во духот на православната христијанска традиција, и оваа година, на големиот Христијански празник Богојавление Водици ќе бидат осветени водите на сите реки во Македонија.

 

Централната манифестација во Скопје и оваа година ќе се одвива на реката Вардар во центарот на главниот град. За учество во манифестацијата досега се пријавени 50 граѓани, од кои сите мажи. Пријавувањето ќе биде отворено до 17 јануари, до 19 часот.

 

Традиционално учество во манифестацијата ќе земат и скопските општини. Во општина Ѓорче Петров крстот ќе се фрли во реката Лепенец, каде што за најбрзиот и најсреќниот верник општината обезбеди лап том компјутер. Лап топ од општина Ѓорче Петров ќе добие и верникот кој прв ќе го фати крстот во водите на Вардар, кај железничкиот мост во Хром, каде што веќе неколку години општините Карпош и Ѓорче Петров заеднички ја организираат манифестацијата. Додека, општина Карпош манифестацијата ќе ја поддржи со општинакста екипа за спасување, а на верникот кој прв ќе го фати крстот ќе му подари 40.000 денари.

 

Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во населба Илинден. Манифестацијата ќе започне во 12 часот, а сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“ во населба Илинден.

 

Во општина Петровец, во 12 часот ќе бидат осветени водите на реката Пчиња.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.