Околу 65 илјади дрвја и 28.000 грмушки има на булеварите и парковите во главниот град

Според податоците на Зелениот катастар на булеварите и парковите во Скопје има пропишано 65.844 дрвја и 28.325 грмушки.

 

Градот Скопје и УНДП го изработија првиот Зелен катастар во кој може да се видат сите зелени површини во градот. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната презентација на проектот истакна дека основната цел е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото. Шилегов додаде дека, години наназад, како последица на градежната експанзија, а во центарот на Скопје, зеленилото честопати било жртвувано на сметка на новите градежни објекти.

 

Поради комплексноста на работите, активностите се реализирале во фази. Досега се  реализирани активности за геодетско снимање на зелени површини и дрвја, грмушки, и парковска инфраструктурана. Изработена е и ГИС апликација за преглед и управување со јавното зеленило на територијата на Град Скопје. Со геодетското снимање опфатено е зеленило на површина од 650 хектари.  Во оваа фаза тоа го опфаќа  булеварското зеленило и парковското зеленило што е под надлежност на Град Скопје.

 

Градоналакникот Шилегов додаде дека во соработка со општините во Град Скопје предвидено е и дополнување на катастарот со зеленилото под нивна надлежност. Во најнапредната фаза се предвидува и отворање модул во кој секој граѓанин ќе може да го впише и зеленилото од сопствениот двор. Исто така алатката ќе биде континуирано ажурирана од страна на ЈП „Паркови и зеленило" со дополнување на новото зеленило и ново насадените дрвја.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.