Зелениот кров на ГТЦ ќе биде готов на пролет

Еден од ветените проекти на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во предизборната кампања е Зелениот кров кој треба да биде изграден на ГТЦ.

 

Проектот се реализира со цел да се зголемат зелените површини во главниот град, за еколошки почист, функционален и урбан град за граѓаните. Овој проект е во соработка со Град Скопје и УНДПИ и ќе овозможи поголема заштита на животната средина, заштита од климатски промени и зголемување на отпорноста на Скопје, а воедно и продолжување и на досегашните проекти и активности на градските власти и УНДП.

 

Изградбата на Зелениот кров на ГТЦ би ги решила и досегашните маки на дуќанџите од горните катови, кои имаат проблеми со прокиснување при поголеми дождови. Реализацијата на овој проект ќе овозможи севкупно зголемување на атрактивноста на Градскиот трговски центар во наредниот период. Според изјавата на градоначалникот Петре Шилегов, Зелениот кров би требало да биде готов на пролет.

 

Зелениот кров на ГТЦ би имал далекусежни позитивни последици. Зголемената фреквенција на граѓаните како резултат на достапниот кров би овозможила покачување на атрактивноста на дуќаните што се лоцирани на двата горни ката на ГТЦ.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.