Деведесет и двајца пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Деведесет и две лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот на 19 јануари на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираа за МИА денеска од Скопската епархија.

 

Пријавувањето почна на 2 јануари, а завршува денеска.

 

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде на 19 јануари напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин" и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

 

Претходно, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица", а во 11:45 богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.