Повторно ќе се наплаќа паркингот спроти Холидеј ин

Локацијата спроти Холидеј ин, на која имаше паркинг со рампа, а во моментов не се наплаќа и е вистински хаос,  од наредната недела ќе се врати во првобитната функција – паркинг простор.

 

Со паркингот ќе стопанисува фирмата МГ Фешн на бизнисменот Зоран Антиќ кој за ТВ 24 вели дека целта е да го регулира сообраќајниот паркинг на оваа атрактивна локација. Дозволата за управување и стпанисување на паркингот ја добил од Советот на Град Скопје за период од 10 години.

 

Управителот на фирмата МГ Фешн, Илија Божиновски во изјава за ТВ 24 вели дека наплаќањето ќе започне следната недела – со цени како и претходните, со цел да се спречи хаосот ос самоволието на граѓаните кои паркираат каде ќе најдат. Во текот на следната недела ќе се постват рампи, а цената ќе биде во рамките на постојните цени кои важеа на овој паркинг.

 

Ова не е конечно решение за локацијата. Ќе се гради во оној момент кога се добие дозволата и кога ќе се тргне мораториумот под кој се наоѓа и оваа локација.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.