Црвен крст со 4 тимови за спасување ќе им помага на 140те пријавени за учество на Водици

Сто и четириесет лица се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во реката Вардар, што ќе се одржи утре во центарот на Скопје, по повод Богојавление – Водици, информира Скопската епархија.

 

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин" и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан. За безбедноста на верниците и оваа година ќе се погрижат 50 волонтери и дел од стручната служба на Црвениот крст.

 

Како што не информираше денеска Арѓент Чиљафи, од тим за спасување, утре поддршка на 140те верници ќе им бидат тимовите за спасување на планина, на вода, тимот за прва помош и тимот за логистика.

 

 Благодарение на присебноста на спасувачките екипи, но и како резултат на високата самосвест кај верниците кои влегуваат во ладните води на Вардар за да го фатат Светиот Крст, изминативе деетина години не е забележан поголем проблем ниту повреда кај присутните.

 

Алкохолот е строго забранет пред самиот влез во вода, а за затоплување се препорачува да се пие топол чај.

 

Пред чинот на спуштањето на крстот во Вардар, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица", а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.