Во СЕТУ ,,Михајло Пупин” почна изградбата на полигонот за тренинг на електро монтери и електро техничари

Во СЕТУ ,,Михајло Пупин” ЕВН во соработка со Градот Скопје го означи почетокот на градбата на полигонот за тренинг на електро монтери и електро техничари.

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека полигонот ќе им помогне на учениците наместо практичната настава да ја изведуваат надвор од училиштето во разни компании, тоа да го направат овде. Исто така преку овој проект на учениците им се овозможува  да се здобијат со стручност и компетенции преку кои ќе им се отвори можност да се вработат во ЕВН откако ќе го завршат школувањето.

 

Шилегов се заблагодари на ЕВН Македонија која го почна овој проект и го надградува секоја година. Град Скопје ќе продолжи да поддржува вакви проекти со кои младите жители на Скопје ќе можат успешно да работат на својот личен и професионален развој.

 

Претседателот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер нагласи дека со ова учениците ќе можат да научат нешто што ќе можат да го користат понатаму во животот, а училиштето Михајло Пупин, тоа го прави различно од било кое друго средно училиште. Петер објасни дека системот се состои од три нивоа. Во првото ниво ќе треба учениците да ја научат теоријата за безбедноста при работата. Во второто ниво е кога треба практично да ги научат работите и токму затоа се прави овој полигон и третото ниво е излегувањето на терен на вистинската работа со монтерите на ЕВН, кои со нивната подготвеност можат да бидат и добри ментори на терен на овие деца.

 

Директорот на СЕТУ Михајло Пупин, Димитар Ѓеорѓиев рече дека овој полигон ќе им овозможи на учениците да имаат поквалитетна практична настава. Ќе излезат на терен и ќе работат како во реални услови за работа. Ѓеорѓиев додаде дека радува фактот што од година во година за зголемува интересот за оваа професија.

 

Министерот за образование Арбен Адеми рече дека министерството се залага за што повеќе да се применува концептот на дуално образование. Тој концепт, како што додаде, започна со имплементација токму со компанијата ЕВН и е во насока да има кадар кој ќе ги задоволи потребите на пазарот на трудот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.