ЈП „Комунална хигиена“ им додели 100 канти за отпадоци на жителите од Топаана

 

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, во координација со Урбаната заедница во населбата Топаана, денеска подели сто канти за собирање на отпадот од индивидуалните домаќинства.

 

Ваквата акција на претпријатието доаѓа како резултат на долгогодишниот проблем со неправилно одлагање на отпадот на улицата Максут Садик.

 

Со цел да се спречи оваа појава, директорот Абдусамед Шабани оствари средба со граѓаните, коишто ги информираше за динамиката на собирање на отпадот од страна на претпријатието, како и за штетноста од создавањето на дивите депонии.

 

Шабани исто така ги повика и надлежните институции – инспекциските служби при Градот Скопје и општината Чаир да дејствуваат на терен, со цел да се спречи загадувањето на животната средина, но побара соработка и од граѓаните, велејќи дека единствено со изградени хигиенски навики можеме да дадеме придонес во борбата против загадувањето.



.be



 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.