Зелен покрив на ГТЦ за поголема отпорност на Скопје и зголемена атрактивност

Зелениот покрив кој треба да биде изграден на ГТЦ ќе овозможи поголема заштита на животната средина, заштита од климатски промени и зголемување на отпорноста на Скопје. Проектот се реализира со цел да се зголемат зелените површини во главниот град, за еколошки почист, функционален и урбан град за граѓаните.

 

Градот Скопје во моментов ги презема сите административни процедури околу реализацијата на проектот за изградба на зелен покрив на Градскиот трговски центар.

 

Откако ќе бидат склучени сите договори со институциите, ќе се пристапи со јавната набавка на проектната документација за изведба на овој проект. 

 

Изградбата на Зелениот покрив на ГТЦ би ги решила и досегашните маки на дуќанџите од горните катови, кои имаат проблеми со прокиснување при поголеми дождови. Реализацијата на овој проект ќе овозможи севкупно зголемување на атрактивноста на Градскиот трговски центар во наредниот период.

 

Зелениот покрив на ГТЦ би имал многу позитивни ефекти. Зголемената фреквенција на граѓаните како резултат на достапниот кров би овозможила покачување на атрактивноста на дуќаните што се лоцирани на двата горни ката на ГТЦ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.