Отворени денови за универзитетите во скопските средни училишта

И оваа година во средните училишта во Скопје ќе се одржат т.н.Отворени денови за универзитетите. Со ова се овозможува во секое училиште во два дена, секој од универзитетите да ја презентира својата студиска програма. 

 

Целта и идејата на овој проект е средношколците и идни студенти што е можно подобро и навремено да се запознаат со студиските програми на факултетите и универзитетите за да го направат вистинскиот избор за упис во претстојната студиска година.

 

Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по посетата на СУГС Гимназија „Орце Николов“.

 

 

Директорот на училиштето Митко Димовски информира дека во текот на денешниот и утрешниот ден најавени се 20-тина факултети и универзитети, распределени во четири-пет училиници.

 

– Учениците ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми и со начинот на аплицирање на факултетите, рече Димовски. Додаде дека околу 290 средношколци ќе завршат годинава.

 

Во Скопје има 22 илјади средношколци, а од нив околу пет илјади годинава ќе го завршат своето образование.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.