Скопската Зоолошка доби нов жител, причина плус за голема посетеност на ЗОО Скопје

Сончевиот викенд, новите животни и новите живеалишта, беа причина скопската Зоолошка градина викендов да биде полна со посетители. Но причина плус беше и тоа што Зоолошката градина во Скопје доби нов жител, односно се роди мајмунче од видот белорак гибон.

 

– Белоракиот гибон е ендемски вид, а бебињата се раѓаат без или со многу малку крзно. Бебето гибон во првите месеци потсетува на вонземјанче, а во прегратките на мајката може да седи и до деветмесечна возраст – изјави Тина Мицковска, портпаролката на Зоолошката во Скопје. Тина во разговор за 1-ва скопска ги открива и плановите за зоолошката градина во наредниот период.

 

Ова не е прво бебе во зоолошката градина, бидејќи и претходно имаше едно мајмунче, потоа едно јаре, а веројатно ќе има и многу други принови. Зоолошката градина во Скопје е основана во 1926 година. Располага со 495 животни од 96 вида, и тоа цицачи, птици и влечуги. Зоолошката е отворена секој работен ден, од 9 до 18 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.