Комунална хигиена најавува миење на скопските улици

ЈП „Комунална хигиена" од денеска до 23-ти овој месец ќе спроведе машинско миење со автоцистерни на булеварите и поголемите улици во Скопје.

 

Миењето, како што информираат од ЈП „Комунална хигиена", ќе се одвива во утринските часови и ќе ја опфати територијата на сите скопски општини.

 

Акцијата е со цел подобрување на нивото на хигиената и чистотата на јавните градски површини, а ќе се реализира благодарение на најавените поволни временски услови.

 

Според Програмата за работа, ЈП „Комунална хигиена"- Скопје стандардно спроведува машинско миење со автоцистерни само во периодот од април до октомври.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.