Во Скопје вчера 11 сообраќајки, пајакот подигнал 103 возила

Еден сопатник на патничко моторно возило и еден пешак се здобиле со тешки телесни повреди, а три лица се здобиле со полесни телесни повреди  во пет сообраќајни несреќи од вкупно 11 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

 

Полицијата санкционирала 39 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, четворица возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.

 

Од сообраќај биле исклучени и 11 нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 103 возила.

 

За не прописно паркирање, полицијата евидентирала 140 возачи.

 

Санкционирани се и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 11 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачи премин, 10 за не правилно престројување и тројца за не правилно престигнување.

 

Казнети се и тројца возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, пет за не носење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 11 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.