Теренска вакцинацинација со МРП, но ниту едно дете нема да прими вакцина вез согласност од родител

Од крајот на минатата недела почна теренската вакцинација во основните училишта во Скопје.  Во шест училишта се вакцинирани стотина деца. Во неколку училишта се уште има отпор од родителите и реакции од училиштата во однос на тоа како треба да се спроведува вакцинацијата.

 

- Работевме на тој проблем и во координација со Министерството за здравство, директорите на школите и локалната самоуправа и изнајдовме решение, што ни овозможи во училиштата каде не беше дозволен пристап на вакциналните тимови, а тоа е во ОУ „Кочо Рацин" и во ОУ „Владо Тасевски" в петок да организираме вакцинирање на терен за децата од школска возраст. Проблемот во ОУ „Ѓоргија Пулевски" ќе го решиме во наредниот период, ова го изјави директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ и рече дека дека ниту едно дете без согласност на родителот нема да биде вакцинирано.

 

Дадени се изјави до сите диспанзерски тимови кои треба да им ги дадат на родителите кои ќе бидат присутни на лице место да ги потпишат дека се согласни да им биде вакцинирано нивното дете, а оние деца кои ќе бидат без родители треба да донесат писмена изјава од родител дека е согласен тоа да биде вакцинирано.

 

 

Според списоците кои ги има Здравствен дом Скопје за невакцинирани деца во училиштата вкупната бројка е 3.700, а само во ОУ „Кочо Рацин" има 98 кои се потенцијално изложени на ризик да бидат инфицирани од морбили сега кога се наоѓаме сред епидемија.

 

 Вакцинацијата се одвива во условите какви што ги има по школите, се одвива согласно позитивната  медицинска пракса, се користат секогаш стерилни сетови за вакцинација, се користат ракавици, се создаваат стерилни услови на самото место каде треба да се аплицира вакцината, така што децата се безбедни од тој аспект, информираат од Здравствен дом Скопје.

 

 Инаку комисијата за заразни болести даде препорака против морбили да се имунизраат и бебиња со наполнети 6 месеци, но во вакциналните пунктови се уште не добиле таква насока од министерството за здравство и вакцинацијата се одвива согласно правилникот за имунизација кој значи дека од девет месеци нагоре поточно од 12 месеци се прима првата вакцина за морбили.

 

На Клиниката за инфективни болести до вчера има 21 пациент со морбили од кои седум се возрасни и 14 деца главно под една година.

 

 Од прогласувањето на епидемијата во декември, досега, се регистрирани 280 заболени, а тројца починаа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.